
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер е еден од најдобрите играчи во историјата на „белиот спорт“, а и како тренер имаше големи успеси кога го водеше Новак Ѓоковиќ.
Германецот во интервју за шпанскиот „Ел Мундо“ прво зборуваше за разликите помеѓу времето кога играше тој и денешното.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
– Постојат огромни разлики. Големата тројка е најдобрата генерација затоа што има тројца најдобри на сите времиња кои губеа само меѓусебно. Разликата помеѓу нив и останатите беше преголема. Во моето време имаше десетина еднакви, сите бевме на максимално ниво – изјави Борис Бекер.
Го прашаа да избере кој од Србинот, Швајцарецот и Шпанецот е најдобар.
– Ги нарекувам тројца „GOAT“ (најголеми на сите времиња) затоа што секој од нив е најголем на свој начин. Ако треба да го објаснам нивното историско значење, би рекол дека Ѓоковиќ е најуспешниот, Федерер е најпопуларниот, а Надал е оној од кого најмногу се плашеа. Ако игравте против Рафа на Ролан Гарос, знаевте дека немате надеж. Да го победите таму беше единствено невозможно во спорт каде што сè е можно.
Фотографија: Принтскрин