Дома Фудбал Погледнете го стартот врз фудбалерот на Барселона пред голот со кој Интер се спаси (Видео)

Погледнете го стартот врз фудбалерот на Барселона пред голот со кој Интер се спаси (Видео)

Имено, Интер тогаш беше во напад, но играчот на Барселона Жерард Мартин го пресече додавањето кое одеше во опасната зона на десното крило од нападот на Интер.

Играчот на Интер Дензел Думфрис веднаш потоа стартуваше со десната нога врз левата нога на Мартин додека играчот на Барселона ја имаше топката, па потоа падна очекувајќи фаул.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, Марциниак не досуди фаул, па во продолжение на акцијата Думфрис центрираше пред голот каде што Франческо Ачерби го постигна голот за 3:3, предизвикувајќи делириум на трибините и продолженија.

Интер во продолженијата извојува победа и финале на Лигата на шампионите, а од Барселона тврдат дека тоа било незаслужено, најмногу поради овој неказнет старт.

Да потсетиме, италијанскиот тим е првиот финалист на Лигата на шампионите откако во синоќешниот спектакуларен реванш од полуфиналето на свој терен по продолженијата ја победи Барселона со 4:3 и така со вкупни 7:6 се пласираше во мечот за титулата.

Интер во финалето ќе игра против подобриот од двомечот помеѓу ПСЖ и Арсенал, тимови кои вечерва го играат реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Апсурд: Најслабиот тим во Европа може да се најде на бараж за Светско Првенство 2026

Сан Марино, убедливо најслабиот национален тим во европските квалификации, неочекувано се …