
Јаник Синер оваа недела се враќа на теренот по тримесечна суспензија. Италијанците во еуфорија очекуваат од својот најдобар тенисер на сите времиња да ја врати титулата од Рим дома по речиси половина век, но тој е свесен за ситуацијата во која се наоѓа по толку голема пауза.
„Реалната цел е во Париз. Во Рим сум за да ги проверам моите можности, а не да победам. Сакам да минат неколку кола и да видам што ќе се случи потоа. Комплицирано е да започнеш по толкава пауза. Се работи за многу работи“, објаснува тој.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
За време на суспензијата, тој не можеше да тренира како што сака. Казната налагаше дека првите два месеци не може да работи со своите тениски тренери ниту да спарингува со колегите.
„Првиот месец не земав рекет в раце. Потоа почнав малку по малку да работам. Најпрво во теретана. Не брзавме, бевме свесни дека е потребно време за успешно да се вратам на теренот“, додава Синер.
Фото: Grok AI