Дома Фудбал Готово: Познат новиот клуб на Жоржињо!

Готово: Познат новиот клуб на Жоржињо!

Веќе некое време се зборуваше дека Жоржињо ќе се врати во Бразил, а сега сè е завршено.

Фудбалерот на Арсенал на кој му истекува договорот на крајот на оваа сезона, се договори со Фламенго и ќе потпише договор во месец јуни.

Договорот е за три години, до 2028 година.

Бразилецот е репрезентативец на Италија бидејќи има државјанство од таа земја. Од 15-годишна возраст е во Италија, играше за Верона, Наполи и Челси, а во Арсенал е од 2023 година.

За репрезентацијата на Италија одигра 57 натпревари.

Инаку, ова ќе биде неговиот прв професионален клуб во Бразил.

Фото: Arsenal/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се екипите кои најмногу потрошија во преодниот рок

Заврши уште еден летен трансфер период, барем кога станува збор за најсилните пет европски…