
Двократниот германски фудбалски шампион Келн го отпушти тренерот Герхард Струбер два круга пред крајот на натпреварувањето во втората лига. Таа одлука многумина ги зачуди бидејќи тимот и понатаму се наоѓа во одлична позиција за враќање во друштвото на најдобрите по само една сезона.
Келн минатиот викенд го загуби првото место во втората лига играјќи 1:1 на свој терен со Регенсбург, сега имаат 55 бода, односно еден помалку од водечкиот Хамбургер СВ, но и три повеќе од третиот Елверсберг и четвртиот Падерборн.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Бидејќи директно ќе се пласираат во првата лига двете најдобри екипи, на Келн му се доволни уште четири бода од последните два натпревари за да биде недостижен за конкурентите, а преостануваат гостувањето во Нирнберг во петок и домашниот натпревар против Кајзерслаутерн на 18 мај. Келн минатата сезона испадна од првата лига завршувајќи претпоследна, на 17. место.
Фото: FC Köln/FB