
Мексиканецот Саул Канело Алварез (34) го победи Вилијам Скул во саудискиот Ријад со едногласна одлука на судиите и така повторно ги обедини титулите во супресредната категорија.
Одличниот мексикански боксер доминираше од почеток до крај на борбата, но сепак не успеа да го нокаутира противникот.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Токму таквото сценарио му одговараше на пензионираниот поранешен шампион во лесна и полусредна категорија Флојд Мејведер (48).
Имено, поранешниот боксер кој заработи повеќе од милијарда долари во кариерата се пофали со добивката во обложувалница така што вложи 9.464 долари дека борбата на Алварез и Скул ќе заврши на поени и доби 22.240 долари по таквиот исход.
Мејведер е познат како некој што сака да се коцка, па така минатата година доби 30.000 долари затоа што погоди дека Филаделфија Иглс ќе го освојат Супер Боул.
Да потсетиме, Мејведер има 48 години и зад себе совршен сооднос од 50 победи без пораз, а во 2013 година го победи и Канело.
Мексиканецот има сооднос на победи и порази 63-2, а вториот пораз го доживеа во 2022 година од Русинот Дмитриј Бивол.
Флојд Мејведер победи со голем облог на победата на Канело Алварез над William Скул 💸https://t.co/qbhP9hrgTh
— talkSPORT (@talkSPORT) May 5, 2025
.