
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс изненадувачки загубија од Хјустон со резултат 107:115 во шестиот натпревар од серијата во плејофот на НБА лигата, па така мајсторката ќе го одлучи патникот во следната рунда на натпреварувањето.
Голден Стејт доживеа вистински шок. Стеф Кари и екипата имаа водство од 3:1 во серијата, но ги испуштија двете први меч топки и така се дојде на чекор до неславна историја.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, Голден Стејт во случај на пораз би станал првиот тим во историјата на НБА лигата кој двапати испуштил водство од 3:1 во серија.
Хјустон од самиот старт беше подобар тим и го контролираше случувањата на паркетот. Голден Стејт се држеше на крила на Кари до почетокот на последната четвртина во која влезе со минус од два поена.
BRINGING IT BACK HOME.
— Houston Rockets (@HoustonRockets) May 3, 2025
Next up: Game 7 🗣️ pic.twitter.com/bp4uLvFYY4
Клучната серија Рокетс ја направија средината на последната четвртина и враќање за Вориорс немаше.
Гостите до победа ги водеше Фред ВанВлит со 29 поени и по осум скока и асистенции, додека Алперен Шенгун постигна 21 поен со 14 скока и шест асистенции.
Фред ВанВлит и Алперен Шенгун го овозможија на Хјустон да победи во шестиот натпревар на гостински терен!
— NBA (@NBA) May 3, 2025
ВанВлит: 29 PTS, 6 3PM, 8 AST, 8 REB
Шенгун: 21 PTS, 14 REB, 6 AST, 3 STL
Хјустон сега ќе биде домаќин на Голден Стејт за седмиот натпревар во 20:30 часот/ет недела на ТНТ 🍿 pic.twitter.com/lQNxV0Ggcg
Кај домашниот тим, Стеф Кари постигна 29, а Џими Батлер 27 поени.
Одлучувачкиот натпревар се игра во ноќта од недела кон понеделник во Хјустон од 2:30 часот по полноќ.