Дома Фудбал Алонсо планира големи промени во Реал Мадрид – доаѓа и една од најголемите желби на Барселона!?

Алонсо планира големи промени во Реал Мадрид – доаѓа и една од најголемите желби на Барселона!?

Чаби Алонсо веќе планира големи промени во тимот на Реал, кој ќе го преземе од Карло Анчелоти ова лето, а неговата намера е да го земе со себе 29-годишниот Германец. Џонатан Та е сè уште голема желба на Барселона, но и на Реал Мадрид.

Та станува слободен играч, одамна потврди дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен и дека сака да оди во поголем клуб. Барселона од зимоска беше на пол позиција, но Каталонците одолговлекуваа поради сè подобрите игри на Ерик Гарсија, кој го врати довербата на Ханси Флик.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Позицијата на стоперите е прилично добро покриена, бидејќи таму се и Пау Кубарси, Ињиго Мартинез, Роналд Араухо, како и опоравениот Андреас Кристенсен, но се очекува да Данецот биде продаден на лето.

Тој би имал сигурно конкуренција, но и минути во Реал Мадрид, особено поради тешките повреди на Едер Милитао и Давид Алаба, додека сега е опериран и Антонио Ридигер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…