Дома Фудбал Интер даде информација за повредата на Лаутаро

Интер даде информација за повредата на Лаутаро

Капитенот на Интер Лаутаро Мартинес најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона. Напаѓачот беше заменет принудно на полувремето од првиот меч, кој заврши со 3:3.

По детални прегледи утрово се дозна дека Аргентинецот има “истегнатост на флексорните мускули на левото бедро. Неговата состојба ќе се следи од ден на ден”. Ова е официјалната информација од страна на клубот во врска со повредата на Лаутаро. Според “Скај Италија”, заздравувањето од ваква повреда најчесто е околу една недела.

Ова значи дека е малку веројатно тој да се опорави за реваншот со Барселона. Најдобрата опција за “нерадзурите” е тој да биде на клупата за резерви на натпреварот во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафиња сакал да замине од Барселона: Ги спакував куферите, но еден човек ме убеди да останам!

Рафиња е еден од најважните фудбалери на Барселона, но ситуацијата денес можеше да биде по…