Дома Фудбал Бомба од Шпанија: Барса подготвила 200 милиони евра за спектакуларен трансфер?!

Бомба од Шпанија: Барса подготвила 200 милиони евра за спектакуларен трансфер?!

Каталонскиот весник „Ел Насионал“ објави вест која одекна низ целиот европски фудбал – Барселона наводно планира голем трансфер на Ерлинг Халанд во летото 2026 година.

Иако норвешкиот напаѓач има договор со Манчестер Сити до 2032 година, тоа не е пречка за амбициите на каталонскиот гигант. Долго време се поврзуваше Халанд со трансфер во Реал Мадрид, но „Ел Насионал“ тврди дека Барселона сака да ја одземе ѕвездата од својот најголем ривал.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Наводниот план на Барселона се базира на нов, профитабилен спонзорски договор со компанијата Најк, кој би обезбедила финансиска стабилност на клубот. Со тие пари, Барселона би можела да понуди 200 милиони евра за доведување на Халанд, што би го направило најскапиот играч во историјата на клубот.

Халанд од пристигнувањето во Манчестер Сити одигра 138 натпревари, постигна 120 голови и запиша 20 асистенции. Веќе освои речиси се што може да се освои на клупско ниво, вклучувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Фото: Manchester City/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед ќе ги надмудри Реал и Барселона и ќе потпише со – слободен агент!

Медиумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед има намера да потпише со фудбалер кој наскоро ќ…