Дома Фудбал Навивачите на Интер во страв и паника по објавата на Јамал (Фото)

Навивачите на Интер во страв и паника по објавата на Јамал (Фото)

Интер имаше предност од 2:0 по 20 минути игра, откако голове постигнаа Маркус Турам и Дензел Думфрис.

Малкумина веруваа дека Барселона може да се врати против тимот од Италија, како што е Интер, кој игра одлично во одбрана.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јамал постигна гол за 2:1 во 24. минута, а Торес со гол во 38. минута на натпреварот израмни за Барселона.

Думфрис во 64. минута ја врати предноста на страната на Интер по асистенција на Чалханоглу, но славјето на гостите не траеше долго.

Барселона веќе во следниот напад успеа да израмни, а автоголот беше припишан на Зомер.

Објавата на Јамал на Инстаграм привлече огромно внимание од навивачите на Интер, но и на Барселона.

Во Италија се во страв поради сето тоа, додека во Барселона го слават Јамал.

Тој ја смени својата профилна слика во „Super Saiyan“, јунакот од „Dragon Ball Z“ кој дава максимална сила и брзина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Дончиќ ги изненади сите во Лејкерс: Погледнете што им подари

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, пред почетокот на новата сезона, реши да ја подигне атм…