Дома Фудбал Анри го замоли Јамал да му даде дрес, неговиот одговор е хит (Видео)

Анри го замоли Јамал да му даде дрес, неговиот одговор е хит (Видео)

Ламине Јамал се родил 12 дена откако Тјери Анри во летото 2007 година потпиша за Барселона како еден од најдобрите светски голгетари последните децении. 17 години и 10 месеци подоцна, Јамал одигра блескаво за Барселона во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:3).

Постигна прекрасен гол, два пати ја погоди рамката од голот, а безброј пати со дриблинзите ги излудуваше чуварите. По натпреварот, тој се вклучи во студиото на „CBS“ од микс зоната на стадионот во Барселона, каде што Анри е стручен коментатор.

Французинот му се обрати на феноменот на шпански јазик: „Доаѓам сега до Барселона да го гледам Ел Класико. Можеш ли, те молам, тогаш да ми го дадеш твојот дрес за мојот син?”, Јамал му одговори: “Може, ако ти мене ми го дадеш твојот.”

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оли Воткинс на прагот на заминување во Ал Хилал, Астон Вила го подготвува Николас Џексон

Оли Воткинс се наоѓа на чекор од трансфер од Астон Вила во саудискиот клуб Ал Хилал. Споре…