Дома Фудбал По спектаклот на „Монжуик“ пристигнаа најлошите можни вести за Барселона

По спектаклот на „Монжуик“ пристигнаа најлошите можни вести за Барселона

Жул Кунде повеќе од една година не пропушти натпревар за Барселона и за репрезентацијата на Франција, но овој дефанзивец се повреди синоќа во текот на првото полувреме од натпреварот против Интер, и за Ханси Флик утрово пристигнаа лоши вести.

Барселона синоќа играше на својот терен против Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампиони, кој навистина беше за паметење, бидејќи видовме дури шест голови.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Интер водеше против Барселона во два наврати, но на крајот не успеа да слави бидејќи натпреварот заврши со резултат 3:3.

Барселона успеа да се врати иако во еден момент на семафорот беше 0:2, и јасно е дека одлуката за финалистот во Лигата на шампиони ќе падне во реваншот кој следниот вторник се игра на Џузепе Меаца.

Покрај тоа што Барса не дојде до победа, за Ханси Флик лошите вести се поврзани со повредата на Жул Кунде, кој беше „недопирлив“ повеќе од година, бидејќи заради повреда не пропушти натпревар уште од октомври 2023 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

СОВРШЕН КЛУБ ЗА НЕГО: Еве каде Чави ќе ја продолжи својата тренерска кариера!

Леверкузен го гледа Чави Ернандес како можен наследник на Чаби Алонсо, ако баскискиот трен…