Дома Фудбал Суперкомпјутерот „знае“ кои ќе влезат во финалето и ќе ја освојат Лигата на шампионите

Суперкомпјутерот „знае“ кои ќе влезат во финалето и ќе ја освојат Лигата на шампионите

Суперкомпјутерот на Opta ги предвиде финалистите и победникот на Лигата на шампионите за 2025 година.

Opta, британската спортска аналитичка компанија, објави прогноза за тоа кој ќе игра во финалето и кој ќе ја освои Лигата на шампионите.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


По поразот на Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето во вторникот во Лондон со резултат 0:1, фудбалерите на Пари Сен Жермен се фаворити за пласман во финалето на Лигата на шампионите.

Набрзо започнува првиот натпревар од вториот полуфинален пар – Барселона и Интер. Каталонците се фаворити, но никој не смее да ги отпише Нераѕурите.

Суперкомпјутерот предвидува дека Барселона ќе влезе во финалето, а кој ќе ја освои титулата?

Opta најголеми шанси дава на фудбалерите на Пари Сен Жермен, во проценти 38,2 отсто. Барселона има 28,7% шанси за титулата првак на Европа пред вечерашниот натпревар со Интер. Клубот од Милано има помалку шанси – 18,1%. Последен е Арсенал со 15%.

Финалето е закажано на 31 мај во Минхен.

Минатата сезона титулата ја освои Реал Мадрид, кој оваа година во четвртфиналето беше елиминиран од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл со шест гола но без победник (видео)

Барселона и Интер вечерва го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите…