Дома Фудбал Барса и Интер вечерва за нов спектакл во ЛШ

Барса и Интер вечерва за нов спектакл во ЛШ

ПСЖ синоќа го победи Арсенал со 1:0 на гостински терен во првата полуфинална средба од Лигата на шампиони. Единствениот гол на натпреварот го постигна Усман Дембеле веќе во четвртата минута.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Парижаните следната среда на домашен терен ќе ја бранат минималната предност во потрага по второто финале во историјата на Лигата на шампиони.

Денес е на распоред второто полуфинале кое Барселона и Интер ќе го играат во Каталонија. Тоа ќе биде реприза од полуфиналето во 2010 година, во кое Интер под водство на Мурињо на драматичен начин ја совлада Барселона на Гвардиола и подоцна го освои европскиот наслов, за сега својот последен.

Натпреварот на наполнетиот стадион Олимпик Луис Компанис е закажан за 21:00 часот, а фудбалските љубители ќе можат да го следат на програмата на Арена 1. Реваншот ќе се одигра во Милано во вторник за шест дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Подобар од Фернандеш: Манчестер Јунајтед договара еден од најдобрите фудбалери за врска во светот

Манчестер Јунајтед беа поврзани со бројни фудбалери за средината во летниот трансферен пер…