Дома Фудбал Нереално беше да остане во Минхен: Дајер има нов клуб

Нереално беше да остане во Минхен: Дајер има нов клуб

Ерик Дајер не успеа да се снајде по заминувањето од Англија во Бајерн и веќе летово ќе ја промени средината, сега е и официјално.

Англискиот стопер потпиша договор со Монако и на лето ќе премине без надомест во редовите на тимот од Кнежевството.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Дајер оваа сезона одигра само 18 натпревари во Бундеслига и не ги задоволи апетитите на тренерот Венсан Компани ниту пак на јавноста. Често беше под удар на навивачите на Бајерн кои беа незадоволни од неговата игра и сега е и официјален крај.

Дајер веќе ги потпиша сите документи со Монако и само се очекува официјална потврда од клубот што се натпреварува во француската лига. Англичанецот потпиша договор со Монако на две години со можност за продолжување на уште една година.

Дајер помина десет години како играч на Тотенхем, а од почетокот на 2024 година е во Бајерн. Беше прво на позајмица, потоа по истекот на позајмицата му заврши договорот со Тотенхем, па премина бесплатно на „Алијанц арена“.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо Назарио: Кристијано рече дека е најдобриот во историјата? Не се согласувам!

Кристијано Роналдо беше гостин кај Пирс Морган. Интервјуто ќе излезе наскоро, објави Морга…