
Реал Мадрид е спремен да направи историски договор со намера да го доведе фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, како централен дефанзивец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бидејќи Салиба има договор со Арсенал кој трае до 2027 година, Реал Мадрид планира да го убеди младиот играч да го побара трансферот во Шпанија.
На само 23 години, Салиба се има воспоставено како еден од најдобрите дефанзивци во европскиот фудбал. Неговата стабилност е клучна за тоа зошто Арсенал има најдобрa одбрана во Премиер лигата.
„Кралевите“ размислуваат за сите можности, а консултирајќи се со блиски луѓе на играчот, добиле позитивни сигнали.
Според информациите на шпанските медиуми, Салиба се наоѓа на врвот на листата за трансферни приоритети на Реал Мадрид.