Дома Фудбал Ѕвезда на Лестер може да биде купен за 9 милиони

Ѕвезда на Лестер може да биде купен за 9 милиони

Ирачот на Лестер Вилфред Ндиди може да биде купен за само 9 милиони фунти. Тој има клаузула во договорот која се активира при испаѓање на “лисиците”. 28-годишниот нигериски репрезентативец размислува за својата иднина, бидејќи тимот нема да игра во Премиер лига следната сезона.

Ндиди пристигна на “Кинг Пауер Стадиум” во 2017 година од Генк за 17 милиони фунти. Минатото лето тој потпиша нов договор, но интересот од други клубови ги принуди “лисиците” да се согласат на клаузула за ослободување при испаѓање. Тогаш Марсеј и Евертон пројавија интерес за полуверот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Лестер се очекуваат промени ова лето. Двајца голмани – Даниел Иверсен и Дани Ворд, се со истекувачки договори. Легендата на клубот Џејми Варди веќе објави дека ќе го напушти клубот како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …