Дома Фудбал Ретко се случува: Перез ќе го прекрши своето „златно правило“ поради Куртоа

Ретко се случува: Перез ќе го прекрши своето „златно правило“ поради Куртоа

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ќе потпише нов договор со “кралскиот” клуб.

Интересно, Куртоа ќе добие понуда да потпише нов двегодишен договор, иако спаѓа во категоријата на играчи над 30 години. Досега, познато е дека на таквите играчи Флорентино Перез им нудел продолжување на соработката на дополнителна една сезона.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Договорот на Куртоа истекува летото 2026 година, а првиот човек на Реал Мадрид сака да го обезбеди неговиот потпис пред летото и пред да влезе во последната година од договорот.

Белгиецот ќе потпише нов договор до 2028 година, односно до својата 35-та година. Во Реал веруваат дека тој и натаму е најдобриот на светот и најдобриот избор за голот на Мадриѓаните.

Куртоа пристигна во Реал летото 2018 година од Челси за 35 милиони евра. Ако остане до крајот на договорот, ќе заокружи една деценија во клубот.

Тој е дел од златната генерација на Реал, има освоено две Лиги на шампионите, три титули во Ла Лига, Купот на кралот, две СП за клубови и три Суперкупа на Шпанија.

Со неговиот потпис, извесно е дека Андриј Лунин во лето ќе бара нов клуб, бидејќи е подготвен да биде прв голман, а во Мадрид таа позиција сепак е цементирана.

Фото: Real Madrid C/F/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ славеше во првиот дуел против Арсенал (видео)

Пари Сен Жермен ја оствари значајната победа над Арсенал со резултат од 0-1 во првиот натп…