Дома Фудбал Вечерашното дерби во Лигата на шампионите е дуел на учителот и ученикот

Вечерашното дерби во Лигата на шампионите е дуел на учителот и ученикот

Луис Енрике беше ѕвезда на Барселона кога Микел Артета ја започна својата играчка кариера на стадионот Камп Ноу, а во вторник се ривали на клупите на Арсенал и ПСЖ.

Тренерот на англиски Арсенал, Микел Артета, ќе мора да го надмудри еден од највлијателните фигури во неговиот фудбалски живот кога неговите “Топџии” ќе се соочат со францускиот Пари Сен-Жермен кој го предводи Луис Енрике во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Како што најавува агенцијата АФП, Артетиниот тим во вторник вечер го пречекува ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето, а шпанскиот стручњак сака да го доведе англискиот тим до само второто финале во Лигата на шампионите во неговата историја.

На патот му стои близок пријател кој, заедно со тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одигра главна улога во импресивното преминување на својот сонародник од теренот на тренерската клупа.

Луис Енрике беше ѕвезда на шпанскиот гигант Барселона кога Артета ја започна својата играчка кариера на стадионот Камп Ноу, и тој период имаше големо влијание врз неговата менаџерска филозофија со “Топџиите”.

„Тој беше голема поддршка за младите играчи, беше далеку еден од главните карактери. Имам навистина убави спомени од него“, рече Артета.

„Она што го сакам кај него е тоа што каде и да бил, како играч или менаџер, неговите отпечатоци се насекаде. Можете да почувствувате дека тоа е неговиот тим по начинот на кој се однесуваат неговите играчи, начинот на кој сакаат да напаѓаат и доминираат во натпреварите.“

Ученикот веќе еднаш оваа сезона го надмина својот ментор, кога Арсенал во октомври лесно го победи ПСЖ со 2:0 во лигашката фаза на Емирејтс. Сепак, ПСЖ од тогаш значително се подобри, во голема мерка поради одлуката на Луис Енрике да го изостави Усман Дембеле од дисциплински причини против Арсенал, што го инспирираше францускиот напаѓач да влезе во одлична форма на натпреварите.

Фото: PSG/Arsenal
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ славеше во првиот дуел против Арсенал (видео)

Пари Сен Жермен ја оствари значајната победа над Арсенал со резултат од 0-1 во првиот натп…