Дома Фудбал Новиот миленик на Наполитанците руши рекорди

Новиот миленик на Наполитанците руши рекорди

Головите на Скот Мектомини за победата на Наполи од 2:0 над Торино се покажаа важни не само за тимот, туку и за него лично.

Играчот од средниот ред сега постигна 11 голови во Серија А и така стана најуспешниот Шкот во историјата на италијанското фудбалско првенство.

Претходниот рекордер беше легендарниот Денис Лоу, кој во својата единствена сезона во Торино (1961/62) постигна десет голови.

Мектомини го сруши рекордот во својот 30-ти натпревар во првенството во својата дебитантска сезона со тимот на Наполи.

Шкотот пристигна во Неапол минатото лето од Манчестер Јунајтед за 30,5 милиони евра и од тогаш доживеа препород.

Наполи моментално е лидер во Серија А и има големи шанси да ја освои титулата оваа сезона, но борбата уште не е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крици одекнуваа на стадионот, фудбалер се грчеше од болки на теренот (Видео)

Дерби на шестото коло на Првата лига на Србија меѓу двете водечки екипи, ОФК Вршац и Чачан…