Дома Фудбал „Земјотрес“ во Шпанија: Карло Анчелоти има нова работа!?

„Земјотрес“ во Шпанија: Карло Анчелоти има нова работа!?

Реал Мадрид ова сезона веројатно ќе остане без трофеј. Откако испадна од Лигата на шампионите, Кралевите беа поразени од Барселона во финалето на Купот на кралот, а Каталонците се многу поблиску до титулата шампиони на Шпанија.

Лошата сезона значи заминување на Карло Анчелоти од клупата на кралскиот клуб. Иако има уште една година договор, легендарниот Италијанец си оди на крајот на оваа сезона, а веќе се знае и каде ќе ја продолжи тренерската кариера.

Релево вечерва донесува ексклузивна вест дека 66-годишникот е новиот селектор на Бразил.

„Претставник на Фудбалската федерација на Бразил е во Севиља. Ќе разговара со Карло Анчелоти за да ги завршат деталите околу преземањето на оваа репрезентација. Договорот е постигнат”, објави Релево.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карим Бензема за својата иднина: „Ќе останам во Ал Хилал“

Карим Бензема стави крај на шпекулациите за својата иднина и потврди дека планира да остан…