Дома Фудбал Шок за фудбалскиот свет! Неочекуван клуб влезе во трка за Де Брујне!

Шок за фудбалскиот свет! Неочекуван клуб влезе во трка за Де Брујне!

Кевин Де Брујне, белгиската фудбалска ѕвезда и долгогодишен лидер на Манчестер Сити, наредното лето би можел да ја промени средината, а интересот за неговиот трансфер расте секој ден.

Според информациите на италијанските медиуми, еден од клубовите кој сериозно е заинтересиран за доведување на овој 32-годишен среден играч е Комо.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Де Брујне, кој со Сити освои шест титули во Премиер лигата, најави дека на крајот на сезоната 2024/25 ќе се збогува со клубот. Неговото име е поврзувано со бројни дестинации, вклучувајќи ја MLS, Саудиска Арабија, но и европските гиганти, како тимови од Премиер лигата и Серија А.

Иако шпекулациите за можен премин во Интер веднаш по неговата најава станаа гласни, италијанскиот портал “Калчомеркато” истакнува дека преминот во редовите на “нероазурите” е малку веројатен. Новите сопственици на Интер, кои го презедоа клубот на крајот од 2023 година, не се склони кон вложувања во искусни играчи, што ја намалува шансата за Де Брујне во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшни бројки на Жил Кунде против Реал Мадрид во Купот

Фудбалерите на Барселона го освоија шпанскиот Куп на кралот по неверојатно возбудливото фи…