Дома Фудбал Шпанците за драмата пред „Ел Класико“: Ова е контаминирано финале

Шпанците за драмата пред „Ел Класико“: Ова е контаминирано финале

Уште од почетокот на годината финалето на Купот на Кралот 2025 година се сметаше за значаен настан во шпанскиот фудбал. Поголемиот дел од фудбалските навивачи сметаа дека вечерниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона (22:00) ќе биде вистински спектакл. Сепак, како што се приближуваше денот на финалето, атмосферата почна да станува сè понапната поради неколку клучни фактори кои на крајот ја засенија самата игра, објавува Ас во текстот со наслов „Контаминирано финале“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè започна вчера во 13:15 часот кога судиите на финалето, Рикардо де Бургос Бенгоечеа (главен судија) и Пабло Гонзалес Фуертес (ВАР судија), одржаа конференција за новинари. Во текот на разговорот Гонзалес Фуертес изнесе остри изјави кои станаа главна тема. На прашање за сегашната состојба во шпанскиот фудбал, Гонзалес Фуертес одговори:

„Постои поголема поврзаност меѓу судиите од кога било, веројатно поради ситуацијата во која се наоѓаме. Таа поврзаност ја потврдуваме со нашиот претседател Луис Медина и сите 180 членови на нашиот професионален тим. Ќе почнеме да преземаме мерки. Не можеме повеќе да толерираме она што се случува. Наскоро ќе имате новости. Ќе има ли штрајк? Наскоро ќе дознаете.”

Овие зборови беа разбрани како закана и предизвикаа силна реакција во Реал Мадрид, кој одлучи официјално да побара промена на судијата и ВАР тимот. Меѓутоа, Шпанскиот фудбалски сојуз (РФЕФ) го одби барањето, што дополнително ја зголеми напнатоста.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земи или остави“: Перез ја изгуби трпеливоста и лично го контактираше Винисиус

Во Реал Мадрид почнуваат да ја губат трпеливоста кога станува збор за продолжувањето на до…