Дома Фудбал „АС“: Од Модриќ зависи дали Мбапе ќе биде стартер во „Ел Класико“

„АС“: Од Модриќ зависи дали Мбапе ќе биде стартер во „Ел Класико“

РЕАЛ МАДРИД и Барселона ќе се соочат вечерва од 22 часот за трофејот во Кралскиот куп. Натпреварот ќе се одигра во Севиља, 260-ти по ред официјален дуел на овие два тима и првото финале во Кралскиот куп по 2014 година, кога Реал го освои трофејот со победа од 2:1.

Шпанскиот Ас истакнува дека за настапот во финалето под знак прашалник е Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач, стрелец на 32 гола во 49 настапи за Реал, се двоуми поради повреда добиена на натпреварот против Арсенал во Лигата на шампионите. Станува збор за истегнување на зглобот. Од тоа дали ќе игра и дали ќе биде стартер зависи и улогата на Лука Модриќ на овој натпревар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ако Мбапе не може да започне или воопшто да игра, Родриго ќе ја преземе улогата во нападот. Доколку Французинот биде спремен, Родриго ќе премине во средниот ред, а Модриќ на тој начин ќе седи на клупата, истакнува Ас.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Сакам да го видам тој Реал Мадрид од првиот меч

Реал Мадрид изгледа како да е со една нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите, отка…