Дома Фудбал Реал Мадрид сезонава имаше огромни проблеми: Само четворица проблеми не се повредиле

Реал Мадрид сезонава имаше огромни проблеми: Само четворица проблеми не се повредиле

Реал Мадрид имаше големи проблеми со повредите оваа сезона. Само четворица фудбалери не претрпеа вакви проблеми, еден од нив е Лука Модриќ, додека останатите се млади фудбалери.

Реал Мадрид моментално се бори за домашните трофеи, но по елиминацијата од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, сезоната за „Кралскиот клуб“ лесно би можела да заврши без ниедна голема награда.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Една од клучните причини за послабите резултати се бројните повреди на играчите, кои значително го нарушија континуитетот на тимот во текот на целата сезона. На ова посвети внимание и позната навивачка страница „Мадрид ИксТра“, која објави преглед на играчите кои успеале да останат без повреди – и бројките се изненадувачки.

Според нивните податоци, само четворица фудбалери на Реал не претрпеа ниту една повреда во текот на сезоната:

  • Раул Асенсио (22) – стопер
  • Арда Гулер (20) – играч од средината
  • Ендрик (18) – напаѓач
  • Лука Модриќ (39) – капитен на тимот

Интересно е што тројца од четворицата се исклучително млади играчи, додека четвртиот – ветеран Лука Модриќ – е на крајот од кариерата, но и натаму импресионира со дисциплината и професионализмот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нуњез е свесен дека доаѓа крајот во Ливерпул, но време е за нов голем трансфер

Како што стојат работите, Дарвин Нуњез е еден од играчите кои ова лето ќе го напуштат Ливе…