Дома Фудбал Флик го понижи до крај: Има договор со Барселона, но на лето го пуштаат да замине бесплатно

Флик го понижи до крај: Има договор со Барселона, но на лето го пуштаат да замине бесплатно

Веќе со месеци има шпекулации за тоа како ќе изгледа составот на голманите на Барселона следната сезона, а Ханси Флик конечно „пресече“ и донесе одлука.

Флик се соочи со голем проблем на почетокот на сезоната кога Марк-Андре тер Штеген доби сериозна повреда на коленото поради која не беше на терен од септември минатата година.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Тогаш Инаки Пења го зазеде местото на Тер Штеген, а Барселона го ангажираше и Војчех Шчесни кој излезе од пензија и потпиша договор до крајот на сезоната.

Пења бранеше во првиот дел од сезоната, а Шчесни дебитираше на почетокот на јануари оваа година и оттогаш бранеше речиси секоја минута.

Пред најважниот дел од сезоната се рехабилитира и Тер Штеген, кој почна да тренира со екипата, но Флик порача дека нема да брза со неговото враќање бидејќи очигледно е задоволен од тоа како Шчесни брани и според сите проценки, полскиот голман ќе го продолжи договорот за уште една година.

Планот на германскиот тренер за следната сезона е Тер Штеген да биде прв голман, а улогата на вториот голман ќе му припадне на Шчесни, кој се согласи на тоа и е задоволен што во Барселона му понудија нов договор.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни кажа кои навивачи биле ужасни, Карагер почна да се смее (Видео)

Вејн Руни во текот на својата кариера играше за Манчестер Јунајтед, Евертон, Дерби Каунти …