Дома Фудбал Барселона го продава најдобриот фудбалер, веќе пристигна и првата понуда од С. Арабија

Барселона го продава најдобриот фудбалер, веќе пристигна и првата понуда од С. Арабија

Пред неколку дена, фудбалската јавност беше изненадена од веста дека во Барселона размислуваат за продажбата на Рафиња и веќе му ја одредиле цената, иако тој игра во животна форма. Интересот за Бразилецот е огромен, а наводно веќе е пристигната првата понуда на адресата на каталонскиот клуб.

Рафиња оваа сезона игра во неверојатна форма и се профилира како еден од најдобрите играчи на Барселона, иако летово беше блиску до излезните врати на клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Затоа многумина беа изненадени пред неколку дена кога шпанските медиуми објавија дека во Барселона размислуваат за продажба на Рафиња и сакат да го продадат Бразилецот додека е на врвот.

Дури се појави информација дека Каталонците ја одредиле цената за Рафиња и нема да имаат ништо против да го продадат на летото ако некој клуб плати најмалку 80 милиони евра.

Каталонскиот Спорт објави дека саудискиот Ал Хилал прв реагирал и е подготвен да плати 80 милиони за Рафиња, за да Бразилецот летово дојде во нивниот клуб.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…