Дома Фудбал Парма приреди изненадување против Јувентус

Парма приреди изненадување против Јувентус

Парма приреди сензација во 33. коло од Серија А, победувајќи го Јувентус со 1-0. Победничка игра имаа и Торино и Елмас.

Јувентус доживеа пораз со 1-0 од Парма, кога Пелегрино постигна гол во продолжението на првото полувреме, што го отежна нивниот пат кон местата што водат до Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тимот на Лацио ја искористи ситуацијата со Јувентус и победи против Џенова со 2-0 на гостински терен, благодарение на головите на Кастељанос и Диа.

Елиф Елмас заедно со Торино триумфираа со 2-0 против Удинезе на домашен терен. Елмас играше како стартер и остана на полето 75 минути, додека головите ги постигнаа Че Адамс и Али Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на ти…