
Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групите од квалификациите за кадетското ЕП 2026.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија ќе биде дел од групата Д и ќе игра против селекциите на Грција, Финска и Луксембург за место на ЕП 2026.
Квалификациите ќе се играат во три дена – од 31 октомври до 2 ноември, а пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат прво и второпласираните селекции од петте групи.
Првенство ќе се игра наредното лето во Србија од 8 до 17 јули.
Фото: РФМ