Дома Фудбал Тага во Италија: Поради смртта на Папата без фудбал во сабота

Тага во Италија: Поради смртта на Папата без фудбал во сабота

Поради последното збогување со папата Фрањо кое ќе се одржи во сабота, е решено тој ден да не се игра ниту еден натпревар од италијанската фудбалска Серија А.

Според претходниот распоред, три натпревари од 34-тото коло требаше да се одиграат во сабота, дуелитемеѓу Комо – Џенова, Интер – Рома и Лацио – Парма. Уште не е официјално објавено, но италијанските медиуми наведоа дека натпреварите Комо – Џенова и Лацио – Парма ќе се одиграат во недела или понеделник.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Сеуште не се знае кога ќе настапат играчите на Интер и Рома, бидејќи во тој контекст проблем претставува првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите кој Интер го игра против Барселона следната недела, на 30 април во Шпанија.

Италијанската фудбалска федерација го одлучи и времето за одигрување на натпреварите од 33-тото коло кои требаше да се одиграат во понеделник, но беа одложени поради смртта на папата Фрањо тој ден. Така в среда, на 23 април, последните четири натпревари од тоа коло ќе ги одиграат Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио, Парма – Јувентус и Торино – Удинезе. Сите четири натпревари ќе започнат во 18:30 часот.

На табелата на Серија А водат миланскиот Интер и Наполи. Двата клуба имаат по 71 бод.

Оваа недела ќе се одиграат и возвратните полуфинални дуели од италијанскиот Куп. В среда играат Интер и Милан (првиот натпревар 1-1), а в четврток Болоња и Емполи (првиот натпревар 3-0 за Болоња).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Taжна вест: На загревање пред натпревар почина млад фудбалер

Синамандла Зонди, 22-годишниот фудбалер на јужноафриканскиот Дурбан Сити, почина откако му…