Дома Фудбал Бурни реакции во Шпанија: Еве како би изгледала табелата без ВАР! (Фото)

Бурни реакции во Шпанија: Еве како би изгледала табелата без ВАР! (Фото)

Шпанскиот АС објави табела од шпанската Примера како би изгледала без вмешаност на ВАР технологијата и откри дека најголемата промена би се случила на врвот.

На местото на водењето од Барселона, на врвот би бил Реал со 76 освоени бодови, седум повеќе од сега и би бил на чело од табелата со предност од дури осум бодови пред Барселона која би имала шест бодови помалку отколку денес.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„ВАР беше користен оваа сезона 162 пати и веќе го надмина бројот на интервенции од минатата сезона (154) и на прагот е на соборување на рекордот од сезоната 2022/23 кога достигна бројка од 179 интервенции. Техничкиот одбор на судии беше критикуван за овие бројки. Особено затоа што претседателот на тоа тело, Медина Канталејо, постојано го повторува како ВАР не треба толку да се меша и како треба да биде заштитна мрежа против јасните и очигледни грешки. Досега оваа сезона ВАР поништи 36 голови поради офсајд. Минатата сезона ги имаше само 22“, се вели во текстот.

Најмногу критики пристигнуваат поради ситуациите каде ВАР не интервенираше, а во што изминатите недели најгласни беа Реал Мадрид и Виљареал.

Мадридистите се жалеа поради недосуден пенал над Белингам и поништен гол на Винисиус поради претходен офсајд на Ендрик.

„Ова е трет свет. Тоа е смеење на фудбалските навивачи во целина, а посебно на навивачите на Реал Мадрид. ФИФА не избра ниту еден шпански судија за Светското клупско првенство. Не знаеме дали е тоа бидејќи се лоши или бидејќи се сомнева на нив, како и ние. Ова е неприфатливо; тоа е вистинска срамота“, се огласија на Реал ТВ.

Жолтата подморница, од друга страна, се пожали поради поништениот гол на Ејонг поради претходен досуден прекршок.

„Заслужуваме почитување. ВАР беше воведен во фудбалот за ситуации како оваа“, коментираа тие.

Фото: Реал Мадрид Ц.Ф

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …