Дома Фудбал Мареска му „краде“ засилување на својот пријател Гвардиола

Мареска му „краде“ засилување на својот пријател Гвардиола

Сè поблиску е почетокот на летниот трансфер период, па така сè почесто се слушаат приказни од фудбалскиот пазар. Оваа вест доаѓа од англиската Премиер лига.

Деновите на Едерсон во дресот на Манчестер Сити се речиси сигурно изброени, па Пеп Гвардиола веќе бара негова замена меѓу стативите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


На сите им е веќе јасно дека Бразилецот ќе го напушти Етихад ова лето, а Граѓаните се насочиле кон португалскиот голман – Диого Кошта.

Контактите помеѓу Манчестер Сити и Порто веќе се воспоставени, но сега настанува пресврт во целата оваа приказна.

Како што пренесуваат англиските медиуми, во приказната сериозно се вклучи и ривалот на Сити од англиската Премиер лига – Челси.

Фото: Chelsea/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …