Дома Фудбал Брутални критики кон Феликс: Жоао, врати се од каде што дојде!

Брутални критики кон Феликс: Жоао, врати се од каде што дојде!

Жоао Феликс пристигна од Челси на позајмица и тоа до крајот на оваа сезона, а од јануари собра 14 натпревари за росонерите и постигна еден гол, додаде и една асистенција.

Платената позајмица изнесува 5,5 милиони евра, а сега на сите им е јасно дека нема да има никакви преговори со Милан по завршетокот на позајмицата.

Феликс се докажа како промашување, не е лидер на теренот, секогаш му недостига самодоверба и не е некој на кој може да се потпре.

За тоа пишуваа и медиумите во Италија.

„Да го повикаш во тимот беше очаен потег и не успеа. Изгубен случај, може слободно да се врати од каде што дојде“, напишаа во колумната на “Кориере дела Сера”.

Играл на натпреварот против Аталанта во кој Милан загуби 0-1, а по тој натпревар Милан сè уште е на деветото место на табелата на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер: Добро е што Емери не оди во Јунајтед – ќе ги направеше посилни!

Џејми Карагер повторно ја отвори темата за иднината на Унаи Емери, откако неговите претход…