Дома Фудбал Серија А објави кога ќе се одиграат денешните натпревари кои се одложија

Серија А објави кога ќе се одиграат денешните натпревари кои се одложија

Четири натпревари од 33. коло на италијанската Серија А кои беа на програмата денес се одложени поради смртта на папата Франческо.

Натпреварите Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио, Парма – Јувентус и Торино – Удинезе добија нов термин, а тоа ќе биде среда, 23 април од 18:30 часот, соопшти Серија А.

Така овие натпревари ќе се одиграат истиот ден како и реванш натпреварот на полуфиналето на Купот на Италија помеѓу Интер и Милан кој е на програмата од 21 часот.

Во моментов, голема битка за “Скудето” водат актуелниот шампион Интер и предизвикувачот Наполи кои имаат по 71 бод, пет кола пред крајот на натпреварувањето.

Фото. Juventus FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи со четири гола ја освои Монца, но Лоботка заврши во болница

Хојлунд ја прекина серијата од осум меча без гол во победата од 4-1, но славјето на Наполи…