Дома Фудбал Teнзија во Астон Вила: Еден од најважните во тимот лут на Емери

Teнзија во Астон Вила: Еден од најважните во тимот лут на Емери

Еден од најдобрите англиски напаѓачи, Оли Воткинс, е лут на менаџерот на Астон Вила, Унај Емери, и тоа јавно го кажа.

Секако, причината за неговата лутина е шокантно малата минутажа што ја доби во натпреварите против Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Воткинс беше стандарден во почетната постава цела сезона, но против Паризаните настапи вкупно околу 20 минути на двата натпревара, бидејќи Емери одлучи да им се спротивстави на француските шампиони со “лажна деветка”, а тоа беше крилниот напаѓач, Маркус Рашфорд.

Вила во Париз загуби со 1:3, а во Бирмингем победи со 3:2, при што Воткинс доби најмногу минути во реваншот, кога неговиот тим бркаше четврт гол кој би го одвел во продолженија.

Колку може Воткинс покажа во сабота во победата против Њукасл во Премиер лигата со 4:1, кога беше стрелец и асистент. Тоа беше дерби натпревар и директен дуел во големата битка што се одвива во Англија за местата кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.

Настапив вкупно околу 20 минути против Пари Сен Жермен. Не сакам да лажам, бев лут и тоа му го кажав на Емери. Тој е менаџер, морам да ја почитувам неговата одлука, но не сум од оние играчи на кои им е сеедно кога не се на теренот“, изјави Воткинс и додаде:

Тоа е нешто што не сум го искусил порано, да не играм во најважните натпревари. Сакав да бидам на теренот многу подолго отколку што беше случајот. Дадов голем придонес за пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и сакав да продолжам да играм“, заклучи Воткинс.

Емери засега не се огласил по ова прашање, па останува да се види каков ќе биде сега неговиот однос кон еден од најдобрите играчи на клубот.

Фото: Aston Vila/FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…