
Кошаркарот на Милвоки Бакс, Кајл Кузма, го запиша официјално најлошиот настап во историјата на плеј-офот на НБА лигата во поразот на неговиот Милвоки Бакс од Индијана Пејсерс.
Индијана во првиот дуел од серијата против Милвоки славеше со убедливи 117:98, а на гостите не им помогна ни инспирираниот Јанис Антетокумпо со 36 поени и 12 асистенции. Да беше неговиот соиграч Кајл Кузма порасположен, можеби резултатот ќе беше барем малку поволен за гостите.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кузма на теренот помина 22 минути, беше стартер, а за тоа време не запиша ништо. Во целосна смисла на тој збор.
Не постигна ниту еден поен, асистенција, скок, украдена топка, а ни блокада. Сите пет шута од игра ги промаши, исто како и двете слободни фрлања.
Статистичарите пресметаа дека тоа е официјално најлошата партија на еден стартер во историјата на плеј-офот на НБА лигата.
Kyle Kuzma has the most minutes by a starter in a playoff game without recording a stat ever. pic.twitter.com/ZKq3W9jQjm
— Real Sports (@realapp_) April 19, 2025
По натпреварот, Кузма изјави дека имал одредени проблеми, но дека тоа не е оправдание за лошата игра. Не сакаше да каже за што се работи.
“Имав проблем, но тоа не влијаеше на изведбата. Дефинитивно одиграв ужасен натпревар, но ова е долга серија и со нетрпение ја очекувам следната утакмица”, изјави Кузма по натпреварот.
Вториот дуел од серијата се игра ноќта од вторник кон среда во еден час по полноќ.