Дома Фудбал Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига донесе навистина многу и за него дефинитивно ќе се пишува уште многу денови…

Барса направи пресврт од 1:3, славеше со резултат од 4:3, го поништи хет-трикот на Борха Иглесиас и направи важен чекор кон титулата, Левандовски се повреди и сега се стравува дека ќе пропушти најважните натпревари на финишот на сезоната, тренерот на Селта тврди дека неговиот играч за врска Мориба бил навредуван на расна основа, а во сето ова се “провлече” еден невообичаен рекорд кој го постави играчот за врска на Барселона, Педри.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одличниот шпански репрезентативец дури 17 пати успеа да ја одземе топката од играчите на Селта и да го врати поседот на својот тим, што е рекорд во Ла Лига.

Тој е единствениот фудбалер во оваа сезона на Ла Лига кој најмалку 15 пати во две последователни натпревари ја презема контролата над топката.

Педри води во Ла Лига според вкупниот број одземени топки од противниците, со 209 враќања на поседот на својата екипа.

Барса е лидер во Ла Лига со 73 бодa и е на +7 во однос на Реал Мадрид, кој вечерва го пречекува Атлетик Билбао.

Фото: Barcelona FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…