Дома Фудбал Го посакуваат Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн, а тој веќе одлучи каде сака да оди

Го посакуваат Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн, а тој веќе одлучи каде сака да оди

Флоријан Вирц е желба на многу европски клубови, а веќе се знае дека Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн го контактирале играчот на Бајер Леверкузен. Првакот на Германија тешко ќе го задржи ова лето, а од клубовите кои го контактирале, се чини дека Вирц знае за кого сака да потпише.

Младиот германски фудбалер за врска импресионираше минатата сезона со своите игри во Леверкузен и е еден од најзаслужните што Баер успеа да ја освои титулата првак на Германија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако минатото лето имаше неколку понуди да ја промени средината, Вирц одлучи да остане во Леверкузен, но како што стојат работите, ова лето тешко ќе го задржат.

Веќе неколку месеци се пишува дека три клуба се во голема борба за потписот на Вирц, а тоа се Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн.

Угледниот „Билд“ наведува дека Вирц веќе ја донел својата одлука. Наводно, неговиот избор е Реал Мадрид што им го дал до знаење на своите агенти. Свесен е дека Кралскиот клуб ќе направи промени во везниот ред и дека токму тој би можел да биде главната ѕвезда на средината на теренот во Реал.

Фото: Бајер 04 Леверкузен/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …