Дома Фудбал Манчестер сити го купи за 120 милиони, а сега го пушта да замине за 35 милиони

Манчестер сити го купи за 120 милиони, а сега го пушта да замине за 35 милиони

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш ќе го напушти Манчестер Сити летово, но како што стојат работите ќе остане во Англија.

Грилиш пристигна во Манчестер Сити летото 2021 година од Астон Вила за речиси 120 милиони евра, но четири години подоцна дојде време за заминување.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Овој 29-годишник не играше многу оваа сезона под водство на Пеп Гвардиола и повеќето натпревари ги започнуваше од клупата за резервни играчи, но дури и кога играше беше очигледно дека е целосно надвор од формата која го красеше некогаш.

Со оглед на тоа што Сити ќе прави големи промени во играчкиот кадар, изгледа дека Грилиш ќе биде меѓу првите што ќе ги спакува куферите и ќе го напушти Етихад.

Иако се шпекулираше дека Англичанецот летово може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, изгледа дека ќе остане во Премиерлигата.

Се појави информација дека интерес за Грилиш покажале веќе три клуба од Англија, а тоа се Астон Вила, Њукасл и Тотенхем.

Фото: Manchester City/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ни Арсенал, ни Ливерпул – Шешко преговара со трет клуб

Следната дестинација за талентираниот Бенџамин Шешко е горлива тема во сегашниот летен тра…