Дома Фудбал Aртета одлучил: Шпанецот го избрал стартниот тим за вечерва!

Aртета одлучил: Шпанецот го избрал стартниот тим за вечерва!

Арсенал вечерва на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ бара влез во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Предноста е повеќе од добра против европскиот шампион, Реал Мадрид е во минус од три гола, а тренерот на Арсенал, Микел Артета, донесе вести од својот клуб за фудбалерите кои вечерва се спремни да играат. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Позитивни вести, Бен Вајт тренираше. Томас Парти исто така ќе биде на располагање. Тој е добро по неколку дена“, рече Артета. 

Од друга страна, Жоржињо нема да биде присутен во Мадрид. 

„Рече дека не можел да дише како што треба, изгледа дека се работи за ребрата“, рече Артета. 

Се очекува Арсенал да настапи со следниот состав:

Раја – Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели – Одегард, Парти, Рајс – Сака, Мерино, Мартинели.

Значи, повредени се Калафиори, Габриел, Хаверц, Габриел Жезус, Жоржињо и Томиасу. 

Фото: Arsenal/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…