Дома Фудбал Футсалерите на Украина одржаа минута молк среде натпревар откако УЕФА не дозволи (Видео)

Футсалерите на Украина одржаа минута молк среде натпревар откако УЕФА не дозволи (Видео)

Украинските репрезентативци во футсал сакаа пред квалификацискиот натпревар за ЕП да оддадат почит кон своите сограѓани, жртви на руската агресија. Сепак, УЕФА не им го дозволи тоа. Забраната од страна на Европската фудбалска унија не ги поколеба играчите на украинската национална екипа.

Се обратија до романските противници и со нивна согласност одржаа минута молчење за време на натпреварот. Тоа го реализираа така што веднаш по стартниот удар застанаа мирни на теренот. Романците се приклучија на Украинците во искажувањето почит кон жртвите на руската агресија врз Украина.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Оваа акција на украинските и романските репрезентативци во футсал ги фасцинираше граѓаните на Украина.

. Фото: Screenshot
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус конечно се огласи по неговото неумесно однесување на Ел Класико

Шпанските медиуми известија дека Реал Мадрид нема да го казни дисциплински Винисиус Жуниор…