Дома Фудбал Скаутите на Ливерпул заминаа на меч во Германија и најдоа засилување за премиерлигашот

Скаутите на Ливерпул заминаа на меч во Германија и најдоа засилување за премиерлигашот

Ливерпул е на чекор до нова титула шампион на Англија и навивачите веќе можат да ја наречат првата сезона со Арне Слот на клупата успешна, иако до март беа во трка за четири трофеи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Славјето нема долго да трае на „Енфилд“ и веќе се подготвуваат тактики за летниот трансфер период.

Очигледно во Ливерпул имаат и една голема желба, а доказ за тоа е минатиов викенд.

Скаутите на Ливерпул беа на натпреварот од 29-то коло на германската Бундеслига помеѓу Волфсбург и РБ Лајпциг, следејќи го фудбалерот од тимот на Лајпциг, Чави Симонс.

Станува збор за 21-годишен Холанѓанец кој е голема желба на Арне Слот, а игра на позицијата офанзивен играч за врска.

Германските медиуми пишуваат дека Ливерпул е подготвен да понуди сума од 60 милиони евра, но ќе видиме дали тоа ќе биде конечната понуда.

Фото: FC Liverpool/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пред натпреварот со Купс остана без двајца фудбалери

На само два дена пред првиот дуел со Купс во воведното квалификациско коло од Лигата на ша…