
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз верува во пресврт во Мадрид, но на Реал против Арсенал нема да му биде доволна само вербата.
Неодамнешниот освојувач на мастерс турнирот во Монте Карло се искачи на второто место на АТП листата со својата прва титула во Кнежевството, а доброто расположение го следи и во Барселона.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тој се врати во татковината за да учествува на турнирот серија 500 во каталонскиот град. Во првиот натпревар ќе се сретне со американскиот квалификант Итан Квин, но на прес-конференцијата се соочи со прашање кое нема врска со тенисот.
Еден шпански новинар го праша за мислењето за реванш мечот од Лигата на шампионите кој Реал во среда (21 ч) го игра со Арсенал.
“Пресврт на Реал? Секако, како вистински мадридиста секогаш верувам во враќањето на Реал”.
Реал Мадрид беше убедливо поразен во првиот дуел во Лондон (3:0), па за пласман во полуфинале покрај одлична игра и верба ќе им треба и малку среќа.
Подобриот од дуелот “лос бланкос” и “топчиите” во борбата за финале ќе се сретне со победникот од дуелот Пари Сен Жермен – Астон Вила..