
Џанлука Замброта (48), прославениот поранешен десен бек на Јувентус, Барселона и Милан, како и клучен играч на Италија при освојување на светската титула во 2006 година, откри дека страда од сериозен здравствен проблем.
Во подкаст со Џанлука Газоли, тој изјави дека го мачи деформитет на коленото. Замброта има “гена варум”, како што стручниот термин означува кога нозете се силно закривени во колената во форма на буквата “О”.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
“За време на кариерата немав посериозни повреди, но имав три операции на менискус. Денес веќе немам внатрешни менискуси ни на левото ни на десното колено, а со текот на времето нозете многу ми се искривија. Сега сум како модел од лабораторија. Докторите ме гледаат и се прашуваат како воопшто можам да одам”, изјави поранешниот репрезентативец на Италија со 98 настапи за националната репрезентација и додаде.
“Посетив три-четири водечки италијански хирурзи и никој не може да објасни како со вакви колена играм падел. Наскоро ќе одам на операција на двете колена. Ќе ми сечат коски над и под коленото, ќе додадат плочки и ќе се обидат да ги исправат нозете. Сето тоа за да избегнам потполна протеза, барем за сега”, најави Замброта дека ќе мора да се подложи на остеотомија, комплицирана операција на коските.
Замброта призна дека требао порано да се посвети на решавање на овој проблем, кој е последица на генетика, но и на оштетувања предизвикани од години играње без менискуси. Последен пат професионално играше во 2014 година, а денес продолжува рекреативно да се занимава со спорт, и покрај тешката состојба.
Фото: YouTube/Пртинскрин