Дома Фудбал Критики за Ериксен: Не може Аморим да е виновен кога тој не може да се движи!

Критики за Ериксен: Не може Аморим да е виновен кога тој не може да се движи!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ники Бат, изјави дека пристапот, но и дефицитот во квалитетот на играчите на Црвените Ѓаволи беше алармантен на натпреварот против Њукасл.

Како домаќин, Њукасл убедливо го победи Манчестер Јунајтед во 32-то коло на англиското првенство.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бат во разговор за официјалната телевизија на Премиер лигата укажа на еден од поголемите проблеми со кои се соочува тренерот на клубот од Олд Трафорд, Рубен Аморим.

„Лесно е да седиме овде и да се извинуваме, но за мене излегувањето на теренот значи дека мора да направите нешто за да влијаете на натпреварот. Не очекував Манчестер Јунајтед да го победи Њукасл. Во овој момент Њукасл е подобар тим. Имаат поквалитетни, атлетски супериорни играчи. Не знам како Јунајтед си дозволува вакво нешто. И јас бев дел од генерацијата која на Сент Џејмс изгуби 5:0, тоа се случува“, рече Бат и додаде:

„Но, дозволување на вакво нешто е сосема друга приказна. Не видов ниту еден старт или агресивност во играта. Дуел играта е проблем – мора барем да покажете дека не прифаќате пораз без борба. Играчите на Јунајтед само паднаа и дозволија да ги совлада противникот. Играњето без сила или брзина е тажно. Кристијан Ериксен некогаш беше врвен играч, а сега не може ни да се движи. Не можеме да го обвиниме тренерот за тоа“.

Бат играше за Црвените Ѓаволи од 1992 до 2004 година. За тоа време одигра 270 натпревари и постигна 21 гол, по што премина во Њукасл.

Манчестер Јунајтед е на 14-тото место на табелата од Премиер лигата со 38 бодови, додека Њукасл е на 4-тата позиција со 18 повеќе.

Фото: Manchester United/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали е ова можно? Казната која ја доби Мбапе за дивјачкиот старт е – смешна!

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучи Килијан Мбапе да го казни с…