Дома Фудбал Перез подготви награди за елиминација на Арсенал

Перез подготви награди за елиминација на Арсенал

Флорентино Перез, претседателот на Реал, се одлучи за смел потег пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Арсенал.

Мадридците имаат заостанување од 3:0 од Лондон. Пред средбата во Мадрид, едвај успеаја да го победат Алавес со 1:0.

Пред дуелот со Топџиите, Перез подготви изненадување за играчите во вид на награди за да го елиминираат англискиот тим. Сепак, не е познато колкава ќе биде сумата пред средбата в среда.

Перез ќе биде на чело на ФК Реал до 2029 година, бидејќи му беше укажано доверба и нов мандат од клубот на собранието до 2029 година. Познат е по тоа што ги наградувал играчите за елиминација на Атлетико со по 250.000 евра и речиси милион за освојување на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал застана пред камерите и јасно кажа кој треба да ја добие Златната топка!

Eден од најдобрите играчи на светот, Ламин Јамал, јасно изјави за кого смета дека треба да…