Дома Фудбал Официјално: Лука Модриќ еден од сопствениците на Свонси!

Официјално: Лука Модриќ еден од сопствениците на Свонси!

Еден од најпознатите играчи на Реал Мадрид и Хрватска, Лука Модриќ, сега е дел од групата сопственици на Свонси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во овој момент, тимот на Свонси е позициониран на 12-то место во Чемпионшип, без вистински шанси за влез во плејофот за промоција, но нема ни опасност од испаѓање. Последниот пат кога „лебедите“ настапуваа во Премиер лигата беше во сезоната 2017/18, по што испаднаа по седум успешни сезони во ова натпреварување.

Од друга страна, вложувањето на Модриќ во бизнисот не значи дека тој веднаш ќе стави крај на својата фудбалска кариера.

„Свонси со задоволство може да му каже добредојде на Лука Модриќ во нашата сопственичка група. Познат како еден од најдобрите играчи во својата генерација, лидерството на Лука, знаењето и пасијата за фудбалот ќе бидат клучни за развојот на клубот“, пишува во дел од соопштението на Свонси.

Искуствениот Хрват има за цел да го продолжи договорот со Реал Мадрид, кој истекува ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат Македонија Светско првенство во фудбал нема да гледа на МРТ!

За помалку од еден месец стартува Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мек…