Дома Фудбал Светот воодушевен од головите на Рајс, но не и Снајдер: “Тоа е екстремно лесно…”

Светот воодушевен од головите на Рајс, но не и Снајдер: “Тоа е екстремно лесно…”

Додека целиот фудбалски свет е воодушевен од головите на Деклан Рајс од слободни удари, изгледа дека Весли Снајдер не е, а објасни и зошто. Од завршувањето на кариерата, легендарниот Холанѓанин често ги омаловажува големите подвизи на фудбалерите. Сега, како фудбалски аналитичар, тој се одлучи да го прокоментира феноменалното издание на англискиот репрезентативец, кој според него не предизвикува никакво восхитување.

Не сметам дека слободните удари беа толку импресивни. Можеби ова ви звучи чудно, но екстремно е лесно да се фелшира топката на тој начин ако знаете како да шутирате, а јас знам сè за тоа – изјави Снајдер.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Не се очекуваше дека токму Снајдер, кој беше специјалист за слободни удари, во лош контекст ќе зборува за потезите на Рајс кои во среда ја воодушевија целата фудбалска јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се знае каде ќе игра Душан Влаховиќ од следната сезона?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по нешто повеќе од четири години во клубот. Нема дог…