Дома Фудбал Милан доминираше над Удинезе

Милан доминираше над Удинезе

Милан извојува убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Удинезе, додека воочлив момент беше повредата на нивниот голман Мајк Мењан.

„Росонерите“ со леснотија ја докажаа улогата на фаворити, откако го решија исходот уште во првото полувреме. Во завршните минути од првиот дел, Леао и Павловиќ донесоа водство од 2:0.

Тео Ернандез, со своја соло акција, во 74. минута го зголеми резултатот на 3-0, додека конечната победа беше обезбедена од Рејндерс.

Вознемирувачки момент во натпреварот беше кога поеден судир, Мењан мораше да биде изнесен на носила.

Фото: АЦ Милан

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дајч пред враќање во Премиер лигата? Кристал Палас размислува за промена

Лошите резултати го зголемуваат притисокот врз Пјер Саж, а Шон Дајч е меѓу главните кандид…